• недела, 25 август 2024

Ал Џезира: Во Каиро денеска се очекува делегација на Хамас

Ал Џезира: Во Каиро денеска се очекува делегација на Хамас

Каиро, 24 август 2024 (МИА) - Делегација на „Хамас“ се очекува денеска во Каиро да учествува на консултациите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа, јави катарската телевизија „Ал Џезира“.

Весникот „Џерусалим пост“ вчера објави дека израелската делегација на преговорите ја напуштила египетската престолнина откако поднела ажуриран предлог. Според израелското издание, проектот денеска ќе биде претставен пред палестинското исламистичко движење.

Се очекува утре во Каиро да се одржат нови разговори во обид да се преговара за прекин на огнот. зш/

Остани поврзан