• вторник, 11 ноември 2025

Ал Енани избран за нов генерален директор на УНЕСКО

Ал Енани избран за нов генерален директор на УНЕСКО

Париз, 6 октомври 2025 (МИА) – Поранешниот египетски министер за туризам и антиквитети, Халед ал Енани е избран за нов генерален директор на Организацијата на Обединети нации за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Ал Енани (54) го победи својот конкурент Едуардо Фирмин Матоко (69) од Конго на тајно гласање, освојувајќи 55 гласа од 58-те членови на извршниот одбор на УНЕСКО. Матоко освои само два гласа, додека САД не гласаа.

Изборот на Ал Енани на 6 ноември треба да биде одобрен од членовите на УНЕСКО.

Тој ќе ја замени Французинката, Одри Азуле, која за време на нејзиниот мандат работеше на диверзификација на изворите на финансирање.

УНЕСКО сè уште зависи од буџетот на САД, кој сочинува околу осум проценти од вкупниот буџет на Агенцијата.

Со повлекувањето на САД од УНЕСКО, кое ќе биде формализирано до крајот на 2026 година, тој износ ќе биде намален. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан