• среда, 28 август 2024

Австралиската полиција уапси 1.600 луѓе и заплени дрога во вредност од 93 милиони долари

Австралиската полиција уапси 1.600 луѓе и заплени дрога во вредност од 93 милиони долари

Сиднеј, 27 август 2024 (МИА) – Австралиската полиција соопшти дека уапсила повеќе од 1.600 луѓе и запленила дрога вредна 93 милиони австралиски долари (63 милиони американски долари) како дел од еднонеделна акција против недозволени дроги и организиран криминал.

Заедничката акција, наречена Операција Витреус, траеше од 19 август до 23 август и беше со цел беше да се намали достапноста на недозволени дроги низ Австралија, се вели во заедничката изјава на државните и федералните власти.

Како што пренесе ДПА, уапсени биле вкупно 1.611 лица под обвиненија поврзани со дрога. Властите, исто така, заплениле речиси 1.400 килограми дрога и повеќе од 2.500 растенија канабис, со вкупна проценета улична вредност од 93 милиони долари.

Меѓу запленетите дроги имало хероин, метиламфетамин, кокаин, МДМА и кетамин. јт/

Фото: Австралиска полиција архива

Остани поврзан