Турскиот амбасадор Фатих Улусој во посета на Штип
- Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска беше домаќин на амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој. На средбата се разговараше за значењето и можностите за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете пријателски земји, со посебен акцент на образованието, престојот на турските државјани во Штип, како и на унапредување на соработката во областа на промоција на македонската и турската култура.
Штип, 20 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска беше домаќин на амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој. На средбата се разговараше за значењето и можностите за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете пријателски земји, со посебен акцент на образованието, престојот на турските државјани во Штип, како и на унапредување на соработката во областа на промоција на македонската и турската култура.
Градоначалникот на општина Штип, Јорданов истакна дека Штип, како универзитетски и регионален центар, претставува отворена и гостопримлива средина за сите студенти и граѓани кои избираат тука да студираат, работат и живеат.
-Присуството на турските студенти во нашиот град има особено значење, не само од економски аспект, туку и во контекст на збогатување на општествениот живот, поттикнување на меѓукултурниот дијалог и градење мостови на пријателство меѓу двата народа. Турските студенти се значаен дел од академската заедница во Штип, а нивната интеграција во локалната средина придонесува за создавање позитивна симбиоза меѓу различните етнички и културни заедници. Преку секојдневната комуникација, соработка и заеднички активности се зајакнуваат вредностите на почит, разбирање и солидарност, вели Јорданов.
Градоначалникот Јорданов на денешната средба со амбасадорот на Република Турција, Улусој ја нагласи подготвеноста на Општина Штип и понатаму да биде партнер на иницијативи што ќе придонесат за подобри услови за престој и студирање на странските студенти, како и за унапредување на соработката меѓу двете земји. вдј/ац/
Фото: МИА