• Saturday, 16 May 2026

Сиљановска - Давкова: Чинот на вапцање не е само обичај, туку и момент на семејна блискост и духовна подготовка за најголемиот христијански празник

Сиљановска - Давкова: Чинот на вапцање не е само обичај, туку и момент на семејна блискост и духовна подготовка за најголемиот христијански празник

Скопје, 11 април 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод претстојниот христијански празник Велигден истакна дека чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност.

-Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува. Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник, објави Сиљановска - Давкова на својата Фејсбук страница.

Претседателката посочува дека со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение. нд/вг/

Фото: Гордана Сиљановска - Давкова Фејсбук страница

You May Also Like