По повеќе од 50 години, почнува темелна реконструкција на „Самарџии“ - една од најзначајните улици во Чаршијата
- Општина Чаир, денеска, со почеток во 11.30 часот, ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата Самарџии и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект кој има цел да го врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на настанот се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира клучните аспекти на проектот и значењето на инвестицијата за локалната заедница и културното наследство.
- Post By Виолета Геров
- 10:03, 14 April, 2026
You need to login to view this page en