Општина Штип работно ќе ангажира лица за активности од јавен интерес
- Општина Штип објави јавен оглас за работно ангажирање лица во рамките на програмата за извршување јавни работи, информираа денеска преку писмено соопштение од Општина Штип.
Штип, 14 јануари 2026 (МИА) - Општина Штип објави јавен оглас за работно ангажирање лица во рамките на програмата за извршување јавни работи, информираа денеска преку писмено соопштение од Општина Штип. Во соопштението се наведува дека ангажманот ќе се реализира преку двете јавни претпријатија (ЈП), односно преку ЈП „Исар“ и ЈП „Стипион 2011“, како и во месните и урбаните заедници, при што лицата ќе бидат вклучени во активности од јавен интерес.
- Работните задачи опфаќаат одржување и чистење јавни и зелени површини, комунална хигиена, чистење атмосферски канали, бојадисување, како и извршување подготвителни, земјени и градежни работи - пишува во соопштението.
Дополнителните информации за условите и начинот на пријавување се содржани во јавниот оглас.
https://stip.gov.mk/wp-content/uploads/2026/01/Javen-Oglas-javni-raboti.pdf
вдј/са/
Фото: МИА архива