• Saturday, 07 February 2026

Општина Штип обезбеди финансиска поддршка на семејствата на деца со попреченост, вклучени во наставата во училиштата

Општина Штип обезбеди финансиска поддршка на семејствата на деца со попреченост, вклучени во наставата во училиштата

Штип, 6 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денеска ги потпиша решенијата за финансиска поддршка на семејства на деца со попреченост, ученици од прво до девето одделение, вклучени во редовната настава во сите Основни општински училишта (ООУ) на територијата на Општина Штип, информираа од кабинетот на градоначалникот на општина Штип. 

Во писменото соопштение се вели дека финансиската поддршка се реализира преку доделување месечна стипендија во износ од 2.000 денари, за период од девет месеци, односно за целата учебна 2025/2026 година. За оваа намена, од Буџетот на Општина Штип ќе бидат издвоени вкупно 576.000 денари. 

Оваа мерка се спроведува во рамки на Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година и претставува дел од континуираните активности на локалната самоуправа за унапредување на социјалната инклузија и поддршка на семејствата со деца со попреченост. вдј/дма/

Фото: МИА архива

 

You May Also Like