• Tuesday, 03 March 2026

Општина Маврово и Ростуше објави јавен повик за доделување еднократен финансиски надоместок за студенти

Општина Маврово и Ростуше објави јавен повик за доделување еднократен финансиски надоместок за студенти

Дебар, 2 март 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше денеска објави јавен повик за доделување еднократен финансиски надоместок за редовни и вонредни студенти, од оваа општина, за академската 2025/2026 година, кој сега изнесува 12 илјади денари, што е за две илјади повеќе во однос на минатата година.

-Согласно Правилник за утврдување на критериумите, условите и постапката за доделување финансиска поддршка, предложен од градоначалникот Онер Јакупоски, а усвоен од општинскиот совет, започнува процесот за поднесување барања за еднократна парична помош за студенти, кој е во висина од 12 илјади денари. Доставувањето на барањата и потребните документи трае до 20 овој месец, информираше Фикрет Ибраими, одговорен за односи со јавноста.

Според него за аплицирање потребни се важечки документ за идентификација (фотокопија од лична карта или пасош), потврда за редовен или вонреден студент (запишан парен семестар: II, IV, VI, VIII, односно X или XII за студентите по медицина), како и  копија од трансакциска сметка на име на студентот.

-Основен услов за добивање на помошта е студентот да не е во работен однос. Барањето и потребните изјави се подигнуваат и пополнуваат директно во просториите на општината. Ги повикуваме сите заинтересирани студенти кои се жители на Општина Маврово и Ростуше, навремено да ја комплетираат и достават документацијата во општинската архива, посочи Ибраими.

Со цел мотивирање на младите да го продолжат школувањето на високо образовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите, оваа можност, почна да се аплицира од академската 2021/22 години, и до сега ја оствариле 84 студенти. вт/вј/

Фото: МИА архива

You May Also Like