Ново урбано јадро добива населбата Радишани, инвестиција обезбедена преку Министерството за транспорт
- Ново урбано јадро со плоштад, парк и пешачка зона ќе добие населбата Радишани. За реализација ќе бидат одвоени 20.003 денари обезбедени преку Министерството за транспорт.
Скопје, 22 јануари 2026 (МИА) - Ново урбано јадро со плоштад, парк и пешачка зона ќе добие населбата Радишани. За реализација ќе бидат одвоени 20.003.060 денари обезбедени преку Министерството за транспорт.
- Проектот „Изградба на јавна површина со плоштад и пешачка патека“ во населбата Радишани, Општина Бутел, опфаќа уредување и трансформација на простор со површина поголема од 10.000 метри квадратни во современ, функционален и зелено уреден јавен простор. Со реализацијата на проектот се создава ново урбано јадро кое ги обединува функциите на плоштад, парк и пешачка зона, наменето за секојдневно користење од сите генерации, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Во рамки на проектот, како што посочува, е предвидено поплочување на јавните површини со квалитетни материјали, изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување со зелени површини, како и поставување урбана опрема, осветлување и содржини за одмор, рекреација и социјална интеракција. бак/паг/
Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски