• Tuesday, 17 March 2026

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

17 март 2026

Брисел – Меѓувладина конференција на која Црна Гора ќе го затвори Поглавјето 21 – трансевропски мрежи, во рамките на пристапните преговори со Европската Унија .

Брисел – Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) при Европскиот парламент расправа за нацрт-годишниот извештај за Србија, подготвен од известувачот за Србија, Тонино Пицула, како и за извештаите за Косово, БиХ, Украина и Молдавија.

Брисел – Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, во рамките на структурираниот дијалог со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, го разгледува одговорот на Европската комисија на настаните во светот.

Брисел – Состанок на Советот за општи работи на Европската Унија во рамки на подготовките за Самитот на ЕУ на 19 и 20 март.

Њујорк – Второ судско рочиште за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој беше киднапиран од американските власти на почетокот на годината и затворен во САД.

Бања Лука – Парламентот на Република Српска најави усвојување резолуција за осуда на усташките, нацистичките и фашистичките идеологии.