13 март 2026
Скопје - Пратеникот Сергеј Попов ќе оствари средба со учесници од програмата за регионална мобилност на млади истражувачи. (Сала 5/13:00)
Кочани - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во општина Кочани каде ќе даде изјава за медиуми. (11:45)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на настан на кој ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето „Анализа на финансиската писменост во основното образование“, спроведено од Бирото за развој на образованието. (Клуб на пратеници/10:30)
Скопје - Шведско-македонската стопанска Комора, во соработка со шведската организација We Effect, ќе одржи настан на тема „Бизнис со нордиските земји: Можности за македонските производители“. (Центар за иновации „Инокс“ на Плоштад Скопје/13:00)
Скопје - Прес-конференцијата на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов. (Работничкиот дом на ССМ на 10-ти кат/11:00)
Битола - Церемонија за одбележување 127 години од дипломирањето на Кемал Ататурк во битолската Воена школа. (Завод и Музеј/13:00)
Скопје - Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе одржи прес-конференција на која ќе го соопшти името на добитникот на наградата „Роман на годината“. (Друштво на писателите на Македонија/13:00)
Скопје - Вмрежување на жени од различни професии „Her Voice in Impact – Connecting Women, Creating Change“, во Start up Club (Среќа бар, Аеродром) од 18.00 до 20.00 часот. Дел од овој настан ќе има и хуманитарна компонента, со поставени донаторски кутии за поддршка на иницијативата Млади од семејна разновидност. (Среќа бар, Аеродром/18:00- 20:00)
Скопје - Повеќејазично читање на „Циклусот за светулките“ од Матеја Матевски. (Друштвото на писателите на Македонија/19:00)
Скопје - Премиера на „Садако сака да живее“ во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска. (Театар за деца и младинци/19:00)
Битола - Танцова претстава на групата K. Danse по повод месцот на Франкофонијата во Битола. (Народен театар/20:00)
Скопје - Изведба на операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. (Национална опера и балет/19:30)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***