• Wednesday, 25 February 2026
МИА Најави - МКД

25 февруари 2026

Скопје - Собранието ќе ја одржи 89. седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Специјалниот претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија Виктор Орбан, Жолт Бунфорт на средба со потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. (Собрание на РСМ, Струшка сала/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Собрание на РСМ, Сала 6/12:00)

Скопје - Дебата „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски/10:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил. (Собрание на РСМ, Прес-центар/10:30)

Кичево - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Кичево Александар Јовановски ќе одржат прес-конференција по повод изборот на Кичево за Град на културата за 2026 година. (Простории во Општина Кичево/10:30)

Прилеп - Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на општина Прилеп. Изјави за медиуми од амбасадорот Рокас и градоначалникот на Дејан Проданоски. (Во општинската зграда на Прилеп/13:00)

Скопје - Францускиот институт во Скопје, фондацијата Метаморфозис и Економскиот факултет во Скопје организираат дебата насловена „Медиумите и социјалните мрежи: да ја вратиме довербата“. (Економски факултет/12:30)

Скопје - Панел дискусија „Од инциденти до системски ризици: надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“ на која ќе биде презентиран документот за јавни политики „Медиумскиот екосистем и странското мешање и манипулирање со информации (СММИ)“. (Европска куќа во Скопје/10:00)

Велес - Работилница за Судски совет на РСМ наменета за примена на Упатството за спроведување на постапките за утврдување на одговорност на судии. (х. „Глориус“ на Велешко езеро/10:00)

Скопје - Прес-конференција на политичката партија МААК. (Пред влезот на Собранието на РСМ/12:00)

Куманово - Регионален форум на заедницата за Североисточен регион во организација на Националниот ромски центар – НРЦ Куманово. (Занаетчиски дом-Куманово/9:30)

Тетово - Global Digital City 2026 - настан посветен на развојот на BPO и ICT секторот, дигиталните вештини, иновациите и вработувањето на младите. (Штулов Универзитет/10:00)

Битола - Финален настан на програмата „Вештини на иднината“ насочена кон унапредување на знаењата и вештините на вработените во АД ЕСМ. (Факултет за информатички и комуникациски технологии/11:00)

Скопје - Прес-конференција во пресрет на музичкиот спектакл „Дац и Александар – дамите бираат“. ( Во фоајето на Македонскиот народен театар/11:00)

Скопје - Концерт на виолончелистот Александар Ицковски и пијанистот Давид Павиќ. (Салон 19:19 при КИЦ – Скопје/20:00)

Скопје - Отворање на ликовната изложба „Емотивни пејзажи – никаде толку луѓе како во еден човек“ на историчарката на уметност Јасмина Котевска и  сликарот Тони Попов. (Евангелистичка црква „Соулкрафт“, булевар Илинден број 9/20:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

You May Also Like