• Wednesday, 15 April 2026

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

15 април 2026 

Скопје - Претседателката Горадан Сиљановска-Давкова постхумно ќе го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден - 1903 година“. (Вила Водно, Кабинет на Претседател/11:40)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на АД Македонска пошта, Орхан Куртиши ќе присуствуваат на промоција на новиот возен парк за потребите на АД Македонска пошта. (Паркинг просторот пред СРЦ Борис Трајковски/10:00) 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 5/11:00)

Скопје - Седница на Комисијата за здравство. (Сала 6/11:00)

Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија ќе ги одржи 160-тата и 159-тата седница. (Сала 6/11:30/11:45)

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево.

-Пристигнување пред главниот влез на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (14:35 – 14:40)

-Тет-а-тет средба (14:45 – 15:05)

-Билатерална средба меѓу двете делегации (15:05 – 15:40)

-Прес-конференција (15:45 – 16:10)

Скопје - Брифинг за медиуми на директорката на УЈП Елена Петрова за оданочување на доход од странство. (Простории на УЈП/10:30) 

Скопје - Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 540-та седница (Судски совет/10:00)

Скопје - Претставници на локалните власти од Кемниц (Германија), Горица (Италија) и Нова Горица (Словенија) ќе го посетат Скопје за низа заеднички активности со Градот Скопје, со цел да споделат искуства поврзани со титулата Европска престолнина на културата (ЕПК), која Скопје ќе ја има во 2028 година. (Јуроп Хаус-Скопјe, изјави за медиумите/12:00)

Скопје - Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска заедно со верските лидери во духот на меѓусебна почит и заедништво ќе одржат прес-конфернција. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Прес-конференција по повод најавата на Светското првенство во ракомет за ученици – ISF Skopje 2026 на која ќе присуствуваат министерот за спорт,  Борко Ристовски,  претседателката на Федерација за училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, Индира Кастратовиќ, национален координатор на репрезентации и Илија Ристески, одговорен за организацискиот дел. (Простории на Ракометна Федерација на Македонија во ТЦ Скопјанка/10:30)

Скопје - Прес-конференција на Коалицијата „Менуваме“. (Собрание на Северна Македонија/12:00)

Скопје - Промоција на проектот Фондацијата Импакт Нет  „XYZ – Green Gen трансформери за зелени општини“ реализиран во рамките на програмата „Зелена младина, зелен раст“. (Кафе бар Мока, наспроти Гимназија/19:00)

Скопје - Предавање на доп. член Ивица (Иван) Џепароски на тема „Уметноста и институционалната теорија на уметноста“. (МАНУ, Амфитеатар/12:00)

Скопје - „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“ во организација на Здружение на граѓани „Театроск“ од Скопје. (ул.„Македонија“/12:00)

Скопје - Прес-конференција во пресрет на концертот на Владо Георгиев. ( „РИАС Бар и Ресторан, бившо тениско АБЦ, бул.Илинденска, 94а, Скопје - карши гимназијата Орце Николов/13:00)

Скопје - Промоција на романот „Зара Зарина “ од Лилјана Пандева. (Салон Империјал 2/19:00)

 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***