• Saturday, 16 May 2026

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

18 април 2026

Анталија - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе учествува на петтото издание на Дипломатскиот форум (Antalya Diplomacy Forum – ADF2026), организиран од Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган. 

Скопје - „Женско лидерство - Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа“, настан од меѓународен карактер во организација на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија – жени. (х. „Парк“/9:30)

Кавадарци - Трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. (Општинска сала/18:00)

Скопје - Конгрес на Партијата на Власите од Македонија. (Дом на културата „Билјана Бличанец“/12:00)

Скопје - „Уметноста на инклузијата“ настан со креативна работилница. (ООУ „Петар Поп Арсов“ – Карпош, кабинет по ликовно образование/10:00)

Скопје - Промоција на првата сликовница од серијалот „Авантурите на Марк“ од Драган Тапшанов. (Бистро „Комедија“/12:00)

Скопје - SAKURA FESTIVAL културно-едукативен настан. (Парк „Авионче“/12:00)

Скопје - Отворање на Танц Фест 2026 со гала вечер со ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов. (МНТ/20:00)

Скопје - „Инструментите на моите предци“ – натпревар на изворни и класични инструменти. (ЈУ Детски културен центар – Карпош/9:30)

Скопје - Олимпискиот комитет на Северна Македонија организира „Олимписки пикник“ – посветен на промоција на олимпизмот, здравите навики и меѓународното пријателство. (Кај тениските терени во рамки на Спортскиот центар/12:00)

 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

You May Also Like