• Thursday, 15 January 2026

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

14 Јануари 2026

Вашингтон – Министрите за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен и Гренланд, Вивијан Моцфелт, ќе се сретнат со државниот секретар на САД, Марк Рубио, и потпретседателот Џеј Ди Венс.

Брисел – Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, ќе разговара со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, и со лидерите на политичките групи за состојбата на меѓународните односи и улогата на ЕУ во актуелните геополитички предизвици.

Брисел – Европската комисија организира конференција за Холокаустот по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Берлин – Почнува Глобалниот форум за храна и земјоделство (Global Forum for Food and Agriculture), каде што експертите и политичарите ќе дискутираат за одржливо користење на водата, биоекономијата и управувањето со водите до 17 јануари.

Абу Даби – Српскиот претседател Александар Вучиќ ја продолжува посетата на ОАЕ.

Лондон – Почнува процесот што го иницираа британскиот принц Хари и музичарот Елтон Џон против британскиот весник „Дејли меил“.

Вашингтон – Се очекува враќање на астронаутите од Меѓународната вселенска станица, по одлуката на американската вселенска агенција НАСА да го скрати нивниот престој поради здравствени проблеми на еден од астронаутите.