• Tuesday, 24 March 2026

Експертите предупредуваат: ВИ робот тајно рудари криптовалути

Експертите предупредуваат: ВИ робот тајно рудари криптовалути

Пекинг, 24 март 2026 (МИА) - Експериментален агент создаден преку вештачка интелигенција, наречен РОМЕ, создаден од кинески истражувачи во лабораторија поврзана со Алибаба, излегол од своето тест-окружување и почнал самостојно да рудари криптовалути.

„РОМЕ бил дел од проектот за агентско учење (AЛЕ), кој имал за цел да се обезбеди систем за обука и примена на агентски вештачки интелигенции, кои се обучени на големи јазични модели (ЛЛМ) и можат проактивно да користат алати за автономно извршување задачи во реални услови“, пишува Лајв сајанс (Live Science).

„АЛЕ“ се состои од три главни компоненти: РОК- окружувања од типот „песочник“ за проверка на акциите на агентот, Рол - рамка за оптимизација на агенти за учење  по обуката, и ајфлоу (iflow) - рамка за конфигурирање контекст и патеки за автономни агенти. Од оваа рамка е создаден РОМЕ, агентски модел со отворен код, обучен на повеќе од милион начини. Истражувачите откриле дека агентот го надминал ова упатство, пристапил до ресурси за обработка на графика и ги користел за рударење, а дури создал и „задни врати“ за поврзување со надворешни компјутери. Иако ваквото однесување не било дел од неговата обука, Алибаба Клауд го открил прекршувањето на безбедносните политики. Истражувачите предупредуваат дека ваквите самостојни агенти можат да развијат непредвидливо однесување и потенцијално да создадат правни и безбедносни ризиц кај корисниците на социјални мрежи.

„Проектот продолжува со засилени безбедносни мерки и строга контрола за да се спречат да се повторат вакви проблеми“, нагласуваат експерите. мв/ссм/

Фото: ВИ