• Friday, 05 December 2025

Во Крива Паланка се одржа работилница за правилно одржување зелени површини 

Во Крива Паланка се одржа работилница за правилно одржување зелени површини 

Крива Паланка, 4 декември 2025 (МИА) - Правилен избор на растенија, подготовка на садници и одржување урбани зелени површини беа темите на денешната работилница што се одржа во просториите на Општина Крива Паланка во модераторство на организацијата „Рефорд". 

-На работилницата присуствуваа вработените од Секторот паркови и зеленило при јавното претпријатие „Комуналец" кои директно се запознаа со правилно одржување на садници и зеленило, заштита на дрвцата, отстранување на оштетени делови, начини на прихрана и наводнување, а се дискутираше и за предизвиците со кои се соочуваат службите на терен, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Експерти и професори од Шумарскиот факултет во Скопје одржаа стручна презентација и изведоа теренска посета во паркот на градскиот плоштад, каде заедно со вработените во посетија паркот изграден во рамки на проектот ПАРКС - Зачувување на областите преку регионално знаење и одржливост, што Крива Паланка го реализира преку ИПА  програмата за прекугранична соработка со општина Дупница, Република Бугарија.

Од општината нагласија дека во рамки на проектот е изработен и тријазичен прирачник за одржување урбано зеленило што се планира да биде промовиран во наредниот квартал, заедно со завршните активности и организација на „Зелени денови“ од двете страни од границата. ид/дма/


Фото: Општина Крива Паланка 

You May Also Like