• Friday, 17 April 2026

Во Кочани ќе се одбележи Светскиот ден на уметноста

Во Кочани  ќе се одбележи Светскиот ден на уметноста

Кочани, 15 април 2026 (МИА) - Центарот за култура „Бели мугри“ и ООМУ „Ристо Јуруков“ вечерва организираат заеднички настан по повод 15 Април - Светскиот ден на уметноста.

Уметноста може да ја разберат луѓето ширум светот. Таа е универзална категорија, нема јазични или гранични бариери, порачуваат организаторите. 

Според програмата, на едно место ќе има музика, драмски творби, книжевност и ликовен перформанс. 

Протагонисти на одбележувањето на Светскиот ден на уметноста се членовите на Драмското студио и Школата за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“ и учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“

Настанот, во  Салон „ФОАЈЕ 1“ во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, започнува во 18:00 часот. ис/вј/

Фото: плакат ЦК „Бели мугри“

 

 

 

You May Also Like