• Saturday, 14 March 2026

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Кочани, 14 март 2026 (МИА) - По повод годишнината од трагичниот пожар денеска со почеток од 8:00 часот во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани ќе се одржи литургија за упокоените, а во 9:30 часот – општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Со верските обреди ќе чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и Неговото високопреосвештенство митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион. ис/вј/

Фото: МИА

You May Also Like