Бритни Спирс се пријави на рехабилитација по апсењето за возење под дејство на алкохол
- Пејачката беше уапсена на почетокот на март од страна под сомнение за возење под дејство на алкохол.
- Post By Слободан Иванов
- 08:40, 14 April, 2026
Лос Анџелес, 14 април 2026 (МИА) - Американската поп-ѕвезда Бритни Спирс се пријави во установа за рехабилитација, по нејзиното апсење минатиот месец под сомнение за возење во алкохолизирана состојба близу Лос Анџелес, објавија американските медиуми.
Пејачката беше уапсена на почетокот на март од страна под сомнение за возење под дејство на алкохол. Таа беше ослободена кратко време подоцна, а нејзиниот претставник го опиша инцидентот како „целосно неприфатлив“ и рече дека Спирс „ќе ги преземе потребните чекори и ќе се придржува до законот“, објави „Дедлајн“ (Deadline).
Инаку поп-пејачката доброволно се пријавила во установа за лекување. Не е јасно точно кога влегла во клиниката. Се очекува да се појави на суд на 4 мај во врска со обвинението, според „Лос Анџелес тајмс“ (Los Angeles Times).
Спирс постигна огромен успех кон крајот на 1990-тите, но последниве години во голема мера се повлече од музичката сцена. Во своите мемоари од 2023 година - „Жената во мене“, таа инсистира дека никогаш не користела тешки дроги и нема проблем со алкохолот, но признава дека го земала лекот „Адерал“ за лекување на нарушувањето АДХД.
По јавната криза во 2007 година, пејачката беше ставена под старателство на својот татко, Џејми Спирс, кој ги контролирал нејзините финансии и личен живот, иако таа продолжила со своите настапи и концерти. Старателството е прекинато од Судот во Лос Анџелес во 2021 година, по широкораспространетата јавна кампања под слоганот „Ослободете ја Бритни“. си/јт/