Без вода дел од улиците Алпи и Иван Манолев
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Поради уличен дефект, без вода за пиење во моментов се дел од корисниците на улиците „Алпи“ и „Иван Манолев“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што додадоа од претпријатието, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/вј/
Фото: МИА архива