0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Имобиле го продолжи договорот со Лацио до 2025 година

Напаѓачот Чиро Имобиле го продолжи договорот со Лацио, објавено е на официјалната веб-страница на римскиот клубот.

Рим, 31 август 2020 (МИА) – Напаѓачот Чиро Имобиле го продолжи договорот со Лацио, објавено е на официјалната веб-страница на римскиот клубот.

Според директорот за односи со јавноста Стефано де Мартино, договорот со 30-годишниот напаѓач бил потпишан на пет сезони, до 2025 година.

Имобиле му се придружи на Лацио од Севиља во 2016 година.

Минатата сезона, тој постигна 36 гола во Серија А и ја освои Златната копачка како најдобар стрелец во европските лиги. зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close