Дописници МКДОпштински вести

Имери: Бојкотот на наставата е на штета на матурантите

За разлика од првите денови од второто полугодие на учебната 2020/2021 година, кога наставата не ја бојкотираше ниту еден ученик во завршните паралелки во дебарската гимназија „28 Ноември“, денеска тоа го сторија 39 отсто од нив.

Дебар, 27 јануари 2021 (МИА) – За разлика од првите денови од второто полугодие на учебната 2020/2021 година, кога наставата не ја бојкотираше ниту еден ученик во завршните паралелки во дебарската гимназија „28 Ноември“, денеска тоа го сторија 39 отсто од нив.

– Наставата почна нормално и ја следеа сите 107 матуранти. Денеска наставата ја бојкотираа 42 матуранти. Сметам дека врз нив негативно влијание имаат и дел од медиумите кои пласираат дезинформации кои ги доведуваат ученците во заблуда, изјави за МИА, директорот на гимназијата Рамадан Имери.

Тој додаде дека за таа цел во текот на утрешниот ден планирана е средба со родителите на учениците на кои ќе им биде објаснето зошто бојкотот е на штета на самите матуранти.

– Треба да знаат дека оние кои ја бојкотираат наставата, по 10 јуни ќе треба да ги надополнат изгубените часови. Тоа значи дека не ќе може да го запазат рокот за упис на некоја високо образовна институција,рече Имери.

Директорите на гимназиите во Центар Жупа и во Ростуше, Сабри Асан и Исмет Абдули, за МИА потврдија дека во овие две образовни нстуции, нема бојкот и оти матурантите нормално ја следат наставата. Во гимназјата „АТА“ во Цетар Жупа има 23 матуранти, додека во гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше 30 матуранти. вт/ки/

Back to top button
Close
Close