Дописници МКДОпштински вести

Именуван нов началник на СВР Тетово

Гоце Јанкулоски е новиот началник на Секторот за внатрешни работи Тетово, информираат од оваа институција. Станува збор за вработен во СВР Тетово, кој доаѓа од полициското одделение во Групчин.

Тетово, 18 февруари 2020 (МИА) – Гоце Јанкулоски е новиот началник на Секторот за внатрешни работи Тетово, информираат од оваа институција. Станува збор за вработен во СВР Тетово, кој доаѓа од полициското одделение во Групчин.

-Од 16 февруари 2020 година со решение на техничкиот министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за началник на Секторот за внатрешни работи во Тетово е поставен Гоце Јанкулоски наместо Амир Далипи кој сега е дополнителен началник, соопшти денеска СВР Тетово.

Гоце Јанкулоски е 47-годишен жител на Брвеница. Во Полициско одделение Групчин бил инспектор по превенција.ас/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close