СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

ИЛО: 1,5 милијарди луѓе се изложени на ризик да загубат средства за живот

Околу половина од сите работници ширум светот се изложени на ризик да ги загубат средствата за живот поради пандемијата на Ковид-19, предупреди Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

Лондон, 29 април 2020 (МИА) – Околу половина од сите работници ширум светот се изложени на ризик да ги загубат средствата за живот поради пандемијата на Ковид-19, предупреди Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

Станува збор за повеќе од 1,5 милијарди луѓе, објави Би-Би-Си.

ИЛО наведува дека во најголема опасност се оние кои работат неформално и работниците во малопродажниот сектор, производство и прехранбената индустрија.

Веќе две милијарди неформални работници добиле просечно 60 проценти помалку плата во текот на првиот месец од пандемијата.

– За милиони работници, отсуството на приход значи дека нема храна, нема безбедност и нема иднина. Милиони бизниси ширум светот едвај дишат, изјави генералниот директор на ИЛО Гај Рајдер.

– Тие немаат заштеда или пристап до кредит. Тие се вистинските лица на светот на трудот. Ако не им помогнеме, тие едноставно ќе пропаднат, додаде тој. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close