0_Македонија.ПорталДописници МКДПолитика

„Илинден“ од Тирана: Најостро ги осудуваме обидите на делење бугарски пасоши

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана во реакција до јавноста  ја осудува, како што се наведува, последната провокација од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, европратеникот Андреј Ковачев и бугарската Амбасада во Тирана, со доделување бугарски пасоши на Македонците во оваа земја.

Тирана, 7 мај 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“ од Тирана во реакција до јавноста  ја осудува, како што се наведува, последната провокација од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, европратеникот Андреј Ковачев и бугарската Амбасада во Тирана, со доделување бугарски пасоши на Македонците во оваа земја.

-Најостро ја осудуваме најновата провокација на Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана во Владата на Република Бугарија од ВМРО-БНД и Андреј Ковачев европратеник од ГЕРБ, како и Бугарската амбасада во Тирана, кои со делење на пасоши сакаат да купат Бугари во Албанија. Со тоа тие сакаат да обезбедат „доказ” дека не постојат Македонците и македонскиот јазик во Албанија, стои во реакцијата на друштвото.

Оттаму посочуваат дека во Албанија ниту имало, ниту ќе има Бугари. Тоа се Македонци, чија неповолна економска состојба ја користат, делат пасоши и помош, со цел да прикажат непостоечко бугарско малцинство во земјата, велат од „Илинден“.

Во реакцијата се посочува дека Македонците во Албанија со индигнација го отфрлаат антимакедонизмот на власта во Софија и го сметаат за несериозно и смешно, како што велат, повторното пласирање на една небулозна теза дека не постои македонскиот јазик.

– Го повикуваме Европскиот парламент да преземе мерки против Андреј Ковачев кој од позиција на европратеник врши притисок врз Македонците во Албанија. Уште еднаш ја осудуваме Владата во Софија за дискриминаторските, расистички и нацифашистичките барања за непостоење на македонскиот народ и македонскиот јазик во целина, се наведува во реакцијата на МД „Илинден“ потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот на друштвото за Голо Брдо, Или Халилај. вт/бак/

Back to top button
Close
Close