Некатегоризирано

Илјадници Ирачани повторно излегоа на протести против владата, САД и Иран

Демонстрантите излегоа на плоштадот „Тахрир" во главниот град  Багдад и во неколку градови од јужниот дел на земјата. Тие ги скандираа паролите „Не на Иран!“ и „Не на Америка!" за време на едни од најголемите протести во Ирак во последните неколку недели.

Багдад, 10 јануари 2020 (МИА)  –  Илјадници Ирачани денеска повторно излегоа на протести против владата, Иран и САД, пренесоа светските агенции.

Демонстрантите излегоа на плоштадот „Тахрир” во главниот град  Багдад и во неколку градови од јужниот дел на земјата. Тие ги скандираа паролите „Не на Иран!“ и „Не на Америка!” за време на едни од најголемите протести во Ирак во последните неколку недели.

Веќе неколку дена на социјалните мрежи се упатуваат повици за обновување на протестното движење во Ирак, што почна на 1 октомври минатата година, но во последно време загуби на интензитет поради бранот репресии на властите врз демонстрантите, посочува БТА.

Изминатата  ноќ имаше судири меѓу демонстрантите и силите на редот во Кербала, во јужен Ирак. Во Басра, пак, имаше приведено демонстранти.

Повеќе од три месеца Ирачаните го изразуваат своето незадоволство од владата, обвинувајќи ја дека е некомпетентна и корумпирана.

Ирак е втората најкорумпирана земја во светот, според индексот на „Транспаренси интернешенел”.

Земјата веќе неколку недели е во полтичка криза, бидејќи партиите не можат да постигнат согласност кој да биде наследникот на премиерот во оставка Адел Абдел Махди.

Властта и силите за безбедност во земјата се под контрола на проиранската политичка класа, која инсистира американските војници да се повлечат од земјата.

Демонстрантите сакаат прекин на контролата што Иран ја има врз Ирак, забележуваат француските медиуми. сд/

Back to top button
Close
Close