0_Web_АктуелноSvet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Илјадници граѓани на Лондон излегоа на протест против расизмот

Илјадници лица се собраа денеска на плоштадот пред британскиот Парламент во Лондон во знак на протест против расизмот, и покрај повиците на владата да не се одржуваат собири на големи групи поради стравот за ширење на коронавирисот.

Лондон, 6 јуни 2020  (МИА) – Илјадници лица, со транспаренти в раце, се собраа денеска на плоштадот пред британскиот Парламент во Лондон во знак на протест против расизмот, и покрај повиците на владата да не се одржуваат собири на големи групи поради стравот за ширење на коронавирисот.

Демонстрантите во намерата да излезат на протестот не ги одврати ниту влажното и ладно време,  а организаторите ги предупредија насобраните дека „доколку се тука заради насилството“, тие не се дел од нивната цел.

Тие ги замолија присутните да одржуваат физичко растојание од два метра и да носат заштитни маски, пренесува Би-Би-Си.

Локалните власти  денеска ги повикаа граѓаните да избегнуваат протести во Лондон.

Десетици илјади лица во средата маршираа низ центарот на Лондон во знак на протест против расизмот, по смртта на американскиот Афроамериканец  Џорџ Флојд во Минеаполис, потсетуваат британските медиуми. сд.

Back to top button
Close
Close