0_Македонија.ПорталОпштествоСкопје

Иинформативен настан за отпадот во кругот на ОХИС

Општина Кисела Вода денеска организира информативен настан за отпадот во кругот на фабриката ОХИС на тема „Отстранување, уништување и дислоцирање на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС во стечај”.

Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода денеска организира информативен настан за отпадот во кругот на фабриката ОХИС на тема „Отстранување, уништување и дислоцирање на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС во стечај”.

Според најавите од локалната самоуправа, на настанот покрај градоначалникот Филип Темелковски, ќе присуствуваат и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, претставници од  Друштвото за собирање и примарна преработка на отпадоци извоз-увоз Екоцентар 97 ДООЕЛ, претставници од  Државниот инспекторат за животна средина, од Град Скопје и стечајниот управник на АД ОХИС.

На настанот, што ќе се одржи во големата сала на општината во 16 часот, можат да присуствуваат сите заинтересирани здруженија на граѓани и жители на општината кои ќе можат да дебатираат на оваа тема. вј/бак/

Back to top button
Close
Close