0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Игуаин треба да се третира како Ибрахимовиќ, инсистира Јувентус

Шампионите ќе бараат задолжителниот 2-неделен карантин на Гонзало Игуаин, кој се врати од Аргентина, да се намали на 7 дена. Пред неколку дена Ибра, кој досега беше во Шведска, се врати во Милано и во рок од 48 часа беа извршени два ПЦР теста, кои беа негативни.

Торино, 16 мај 2020 (МИА) – Јувентус сака да има корист од олеснувањето на мерките во Италија, што го користи и Милан во случајот со Златан Ибрахимовиќ.

Шампионите ќе бараат задолжителниот 2-неделен карантин на Гонзало Игуаин, кој се врати од Аргентина, да се намали на 7 дена. Пред неколку дена Ибра, кој досега беше во Шведска, се врати во Милано и во рок од 48 часа беа извршени два ПЦР теста, кои беа негативни.

Поради оваа причина, ветеранот ќе може да се приклучи на тимскиот тренинг само една недела по неговото враќање во Италија.

Според „Тутопорт“, истата „тактика“ сега ќе ја примени Јуве за Игуаин. Сепак, не е јасно дали здравствените власти во Италија ќе се согласат, затоа што Игуаин пристигна од Јужна Америка, каде што пандемијата во моментов е далеку посилна отколку во Европа.

Официјално, групните активности во екипите во Серија „А“ се дозволени од понеделник.

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close