0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Игуаин нема да оди во Атлетик Билбао

Гонзало Игуаин дефинитиовно нема да направи трансфер во Атлетик Билбао. Шпанските медиуми пренесоа за интересот на Атлетик за аргентинскиот напаѓач и дека и тој самиот е подготвен за преселба на „Сан Мамеш“.

Билбао, 4 март 2020 (МИА) – Гонзало Игуаин дефинитиовно нема да направи трансфер во Атлетик Билбао. Шпанските медиуми пренесоа за интересот на Атлетик за аргентинскиот напаѓач и дека и тој самиот е подготвен за преселба на „Сан Мамеш“.

Но, набрзо стигна демант од спортскиот директор на Баскијците, Рафа Алкорта кој за шпанското радио „Онда Серо“ рече дека нема ништо од тоа.
„Условот е да е роден или барем да пораснал во Баскија. Неговиот предок не се смета, ако тој не исполнува еден услов. Моментно тоа не се смета, можеби во иднина“, изјави Алкорта.
Општо е познато дека во Атлетик Билбао играат фудбалери кои се Баскијци или имаат некакво баскиско потекло. Прадедото на Игуаин од страна на татко му е Баскиец, објави „Марка“ што, сепак, само по себе не е доволно да го облече „црвено-белиот“ дрес. сѓд/

Back to top button
Close
Close