БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Игор Зорчич предложен за нов претседател на словенечкото Собрание

Неговата кандидатура доаѓа само ден по оставката на досегашниот претседател Дејан Жидан, кој од функцијата се повлече веднаш по изгласувањето на Јанез Јанша за нов мандатар за состав на влада.

Љубљана, 4 март 2020 (МИА) – Игор Зорчич, пратеник на Партијата на модерниот центар е кандидиран за нов претседател на словенечкото Собрание, јави дописникот на МИА од Љубана.

Неговата кандидатура доаѓа само ден по оставката на досегашниот претседател Дејан Жидан, кој од функцијата се повлече веднаш по изгласувањето на Јанез Јанша за нов мандатар за состав на влада.

На кандидатурата за Зорчич се потпишаа сите пратеници од новото парламентарно мнозинство предводено од Словенечката демократска партија.

Од партијата Левица, веднаш по објавувањето на кандидатурата изјавија дека нема да го поддржат Зорчич на местото претседател на Собранието. ав/

Back to top button
Close
Close