0_Спорт.ПорталФудбал

Игало прифатил помала плата за да дојде во Јунајтед

Напаѓачот на Шангај Шенхуа беше привлечен доста изненадувачки за нападот по повредата на Маркус Рашфорд и тој сака да ја оправда довербата.

Манчестер, 5 февруари 2020 (МИА) – Одион Игало се согласи да добие многу помала плата отколку во Кина, само да дојде во Манчестер Јунајтед.

Напаѓачот на Шангај Шенхуа беше привлечен доста изненадувачки за нападот по повредата на Маркус Рашфорд и тој сака да ја оправда довербата.

– Многу екипи ме сакаа, но јас само се молев за договор со Јунајтед. Во 11 часот навечер, мојот агент ми се јави и ми кажа дека договорот ќе се заврши, и си реков дека не можам да ја пропуштам оваа шанса. Почнавме да зборуваме и јас не спиев воопшто таа ноќ затоа што прозорецот се затвори во 07:00 часот по локално време. Документите требаше да се подготват, а агентот ми рече дека ќе добијам помалку пари. Му реков: „Не ми е гајле. Направете го договорот. Сакам да играм за Јунајтед и не ми е грижа колку земам, изјави Игало пред клупската телевизија на „црвените ѓаволи“.

Таг
Back to top button
Close
Close