0_Спорт.ПорталФудбал

Иднината на Лаказет во Арсенал ќе биде одредена налето

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека иднината на напаѓачот на „топчиите“, Александре Лаказета, во тимот ќе биде одредена налето.

Лондон, 4 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека иднината на напаѓачот на „топчиите“, Александре Лаказета, во тимот ќе биде одредена налето.

– Сè уште не разговаравме за ништо во врска со продолжување на неговиот договор или трансфер. Среќен сум со начинот на кој игра и постигнува погодоци. Лаказет е во одлична форма. Налето ќе разговараме и ќе донесеме одлука за тоа, изјави Артета.

Во сезоната 2020/2021, Лаказет забележа 19 настапи за Арсенал, постигнувајќи 9 гола.

Дваесет и деветгодишниот Французин има договор со клубот до крајот на јуни 2022 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close