БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Идната недела неформален состанок ЕУ-Зпаден Балкан во Брисел

Лидерите од Западен Балкан неформално ќе имаат состанок со лидерите на Европската унија, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, на работна вечера закажана за 16 февруари.

Брисел, 7 февруари (МИА) – Лидерите од Западен Балкан неформално ќе имаат состанок со лидерите на Европската унија, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, на работна вечера закажана за 16 февруари.

Организацијата на состанокот е на иницијатива на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел додека ќе им се придружи и претседателот на Европската комисија, Фон дер Лајен.

Мишел на вечерата на 16 февруари, покрај шест лидери од Западен Балкан, ги покани и претседателот на Европската комисија, шефот на дипломатијата на ЕУ и премиерот на Хрватска, како земја што претседава со Советот на ЕУ.

На состанокот ќе се разговара за ситуацијата во регионот, интеграцијата во ЕУ и подготовките за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

Еден ден подоцна, на 17 февруари, во Брисел ќе се одржи донаторска конференција за обнова на подрачјата во Албанија погодени од земјотресот. зш/

Back to top button
Close
Close