Политички партии

Ибраимовски од ПЦЕР побара одговорност од полицијата за случај со Роми кај Железничката станица во Скопје

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски во партиското седиште во Тетово одржа прес-конференција со цел да реагира на случај во Скопје каде според него била употребена прекумерна сила од страна на полицајци. Инцидентот се случил во неделата кај железничката станица каде импровизирани живеалишта имаат Роми.

Тетово, 11 јуни 2020 (МИА)Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски во партиското седиште во Тетово одржа прес-конференција со цел да реагира на случај во Скопје каде според него била употребена прекумерна сила од страна на полицајци. Инцидентот се случил во неделата кај железничката станица каде импровизирани живеалишта имаат Роми.

-Оваа прес-конференција ја свикуваме откако многу невладини организации и граѓани побараа од мене како пратеник јавно да реагирам на тоа што се случило во неделата кај Железничката станица во Скопје. Точно е дека Ромите кои таму живеат го нарушиле јавниот ред и мир со гласна музика, но по интервенција на полиција тоа било прекинато. Сепак после 10-тина минути дошле поголем број полициски специјалци кои ги тепале луѓето, рече Ибраимовски.

Тој побара одговорност од полицајците бидејќи удирани биле и жени и деца.

-Затоа сакам да му порачам на министерот Наќе Чулев да преземе санцкии во врска со настанатата ситуација односно да покрене постапка за упадот на полицијата и зошто е тоа направено, кога се работи за луѓе кои се немоќни да се спротивстават на полицијата. Тие се бездомници кои живеат долги години на едно па на друго место. Има истепано жени и деца кои потоа имаат добиено уплав од ситуацијата, биле вадени од нивните домови и стари и изнемоштени луѓе, рече Ибраимовски.ас/скс/

Back to top button
Close
Close