0_Спорт.ПорталФудбал

Ибрахимовиќ за првиот гол по враќањето во Милан: Заедно сме посилни

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, на својот Инстаграм објави нова фотографија по натпреварот од 19. коло од италијанскиот шампионат против Каљари (2:0) на кој Швеѓанецот за прв пат постигна гол по враќањето во тимот.

Милано, 12 јануари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, на својот Инстаграм објави нова фотографија по натпреварот од 19. коло од италијанскиот шампионат против Каљари (2:0) на кој Швеѓанецот за прв пат постигна гол по враќањето во тимот.

-Едниот е силен, заедно сме посилни, напиша Ибрахимовиќ.

Оваа сезона шведскиот фудбалер има два натпревара за Милан и еден гол.

Ибрахимовиќ потпиша договор со италијанскиот клуб на 2 јануари 2020 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close