0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ибрахимовиќ вклучен во ростерот Милан за мечот со Сампдорија

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е подготвен да заигра на следниот натпревар од првенството на Италија со Сампдорија. Според официјалната веб-страница на „росо-нерите“, 38-годишниот Швеѓанец е вклучен во составот на тимот за натпревар со сино-белите од Џенова.

Милано, 5 јануари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е подготвен да заигра на следниот натпревар од првенството на Италија со Сампдорија. Според официјалната веб-страница на „росо-нерите“, 38-годишниот Швеѓанец е вклучен во составот на тимот за натпревар со сино-белите од Џенова.

Ибрахимовиќ тренираше во генералната група во пресрет на натпреварот. Претходно, Швеѓанецот во првиот пријателски натпревар по потпишувањето на договорот со Милан, постигна гол и асистенција.

Доскорешниот фудбалер на Лос Анџелес галакси немаше настап од октомври минатата година кога неговата екипа испадна од плеј-офот во американската МЛС.

Натпреварот Милан – Сампдорија се игра утре (6 јануари) со почеток во 15 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close