0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ибрахимовиќ сам ќе одлучи дали ќе игра следната година

Ибрахимовиќ потпиша за половина година во јануари и има опција да го продолжи договорот за уште една сезона.

Милано, 14 февруари 2020 (МИА) – Златан Ибрахимовиќ ќе одлучи сам дали сака да игра за Милан следната сезона, според Рики Масара, спортски директор на тимот.

– Се зависи од него. Тоа зависи од тоа како се чувствува и колку игра фудбал. Тој е вистински феномен и ние сме многу задоволни од неговиот настап на теренот, рече Масара.

Ибрахимовиќ потпиша за половина година во јануари и има опција да го продолжи договорот за уште една сезона.

Таг
Back to top button
Close
Close