0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ибрахимовиќ промаши три од шест пенали оваа сезона во Серија А

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ промаши пенал на денешниот натпревар во Серија А со Болоња.

Болоња, 30 јануари 2021 (МИА) – Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ промаши пенал на денешниот натпревар во Серија А со Болоња.

Голманот Лукаш Скорупски ја одби топката по ударот на Швеѓанецот од 11 метри, но напаѓачот на „росоњерите“, Анте Ребиќ ја смести топката во мрежата на Болоња.

Ова е трет нереализиран пенал на Ибрахимовиќ оваа сезона во Серија А од шест обиди.

Милан, кој е лидер на табелата во Серија А, се наоѓа пред триумф на гостувањето кај Болоња. На петнаесетина минути пред крајот миланезите водат со 2:0. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close