0_Спорт.ПорталФудбал

Ибрахимовиќ може да го пропушти натпреварот со Удинезе поради повреда

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да го пропушти натпреварот од 25. коло во италијанскиот шампионат со Удинезе поради повреда, тврди „Ла Газета дело Спорт“.

Милано, 1 март 2021 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да го пропушти натпреварот од 25. коло во италијанскиот шампионат со Удинезе поради повреда, тврди „Ла Газета дело Спорт“.

Според италијанскиот весник, 39-годишниот Швеѓанец има повреда на левиот колк. Наскоро тој ќе биде подложен на лекарски преглед, по што ќе стане позната тежината на повредата.

За потсетување, на натпреварот од 24-то коло во Серија А, Ибрахимовиќ беше заменет во 56. минута.

Натпреварот од следната рунда во италијанскиот шампионат Милан – Удинезе ќе се одржи на 3 март во Милано. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close