0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ибрахимовиќ ќе остане во Милан доколку клубот обезбеди учество во Лигата на шампиони

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини, зборуваше за деталите за договорот со напаѓачот Златан Ибрахимовиќ.

Милано, 23 февруари 2020 (МИА) – Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини, зборуваше за деталите за договорот со напаѓачот Златан Ибрахимовиќ.

– Со Ибрахимовиќ имаме шестмесечен договор со автоматско обновување во случај да влеземе во Лигата на шампионите. Ако не го сториме, сосема е природно дека ќе седнеме на масата за нови преговори. Со Златан секогаш ви треба лична дискусија, во која треба да има отворен дијалог. Отсекогаш било вака, во спротивно тој не би дошол кај нас, изјави Малдини.

Оваа сезона, 38-годишниот Швеѓанец има одиграно седум натпревари во Серија А, во кои постигна два гола и оствари една асистенција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close