0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Изложба „Сè што не ти кажав“ на Снежана Лазарова-Луна за 10 години творештво

Во рамките на „Велешко културно лето 2020“ синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата „Сè што не ти кажав“ на велешкиот слободен уметник Снежана Лазарова-Луна, која заокружи 10 години успешно творештво, со оваа своја деветта самостојна изложба. На изложбата се претстави со 40 свои дела создадени од сите изминати години, како и дела од најновиот циклус „Сè што не ти кажав“.

Велес, 14 август 2020 (МИА) – Во рамките на „Велешко културно лето 2020“ синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата „Сè што не ти кажав“ на велешкиот слободен уметник Снежана Лазарова-Луна, која заокружи 10 години успешно творештво, со оваа своја деветта самостојна изложба. На изложбата се претстави со 40 свои дела создадени од сите изминати години, како и дела од најновиот циклус „Сè што не ти кажав“.

Снежана Лазарова-Луна е самоук, слободен уметник наивец, која со истражување и усовршување на технологијата со помош на семиња, создава мозаично творештво кое го именува „По делата ќе ме препознаеш“, по што станува и препознатлива во јавноста.

Таа  самата промотор на своето творештво и пред својата велешка публика појасни дека работи во техниката мозаик со семе од бел ориз и црн синап, а во последно време надградува и со семе на просо со жолта боја, која дава светлост во нејзините дела. Токму дела со ова семе прв пат ги претстави на својата домашна велешка публика.

Темите ѝ се разновидни, од мртва природа до пејзажи од Велес и околината посебно од кањонот Пешти, старите велешки куќи, како и многу свети ликови од православието, како што е импозантната Тајната вечера, а има и слики со Тоше Проески.
Снежана вели дека нејзиното мото е како што еден клас од ориз се намножува илјада пати, така таа го враќа многу пати, тоа што ѝ е дадено.

Снежана Лазарова-Луна досега се претставила со свои изложби во многу градови во земјава како Валандово, Кочани, Виница, Струмица, Градско, Македонска Каменица, а учествувала и на меѓународни колонии во Битола и Ресен.

Планира своето творештво да го претстави и во странство како Турција и други земји, но засега е спречена поради пандемијата на Ковид-19. ад/вг/

 

Back to top button
Close
Close