БалканБалкан.Портал

И Во Нови Сад протест поради најавените мерки

Неколку десетици граѓани на Нови Сад вечерва протестираа во центарот на градот по најавата за воведување вонредна состојба во Белград, а можеби и во другите градови во Србија.

Нови Сад, 7 јули 2020 (МИА) – Неколку десетици граѓани на Нови Сад вечерва протестираа во центарот на градот по најавата за воведување вонредна состојба во Белград, а можеби и во другите градови во Србија.

Граѓаните се собраа на плоштадот Република по повикот на социјалните мрежи.

Тие прошетаа до Плоштадот Слобода, каде се задржаа кусо време пред градското собрание, а потоа неколкумина отидоа во Градското собрание, каде што залепија налепници на кои пишуваше „лечи се “.

Демонстрантите потоа отидоа до просториите на Српската напредна партија во центарот на градот и исто така залепија налепници на постерите на претседателот на партијата Александар Вучиќ и градоначалникот Милош Вучевиќ.

Собирот почна во 21 часот, по обраќањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој соопшти за мерките.

Најавен е нов протест во Нови Сад за утре во 18 часот. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close