0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

И село Црник загрозено од пожарите во Пехчевско

Не престануваат пламените јазици и во Пехчевско. Според последните информации на инволвирани во гаснењето на пожарот огнената стихија се приближува до самото село Црник откако денеска околу пладне успеа да го „префрли“ појасот кај манастирот „Св.Петка“ во близина на патот Делчево-Пехчево.

Пехчево, 5 август 2021 (МИА) – Не престануваат пламените јазици и во Пехчевско. Според последните информации на инволвирани во гаснењето на пожарот огнената стихија се приближува до самото село Црник откако денеска околу пладне успеа да го „префрли“ појасот кај манастирот „Св.Петка“ во близина на патот Делчево-Пехчево.

-Пожарот потоа се приближи до месноста Ранол Дол и областа Шишорка кон селото Црник. Месното население веднаш се организираше во гаснењето на пожарот, велат жители на селото.

Како што додадоа ,пламените јазици се огромни, пожарот неконтролирано се шири  и потребна е интервенција од воздух.

Јасминка Андоновска Пашалиска, жител на Пехчево, истакна дека е потребна поголема организација  со цел спречување пожарот да се приближи до Пехчево.

-Потребно е сите што вчера беа мобилизирани да се мобилизираат ако сакаме да се спаси, она што може да се спаси, рече Андоновска Пашалиска.

Во меѓувреме граѓаните се солидаризираа со учесниците во гаснењето на пожарот и донираа прехранбени продукти, вода и други намирници, се со цел да се помогне на храбрите поединци кои неуморно се на терен во поголемиот дел од денот. вс/лв/

 

Back to top button
Close
Close