БалканБалкан.ПорталДописници Свет

И покрај најавите музеите, галериите и библиотеките во Словенија засега остануваат затворени

Управите на овие институции кажаа дека не е можно веднаш да отворат објектите, бидејќи им е потребно време да ги исполнат сите услови за да можат граѓаните да ги посетуваат без голем ризик дека ќе се заразат.

 

Љубљана, 29 април 2020 (МИА) – И покрај најавите на Владата дека од денеска повторно ќе продолжат со работа музеите и уметничките галерии тоа сепак не е случи, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Управите на овие институции кажаа дека не е можно веднаш да отворат објектите, бидејќи им е потребно време да ги исполнат сите услови за да можат граѓаните да ги посетуваат без голем ризик дека ќе се заразат.

Според најавите од понеделник повторно ќе можат да бидат отворени и угостителските објекти, но само отворениот дел од истите, односно терасите. Угостителите реагираа дека доколку не им се дозволи да работат рентабилно, односно да услужат доволен број на гости, економски по исплатливо им е воопшто да не отвораат, бидејќи тоа само по себе е голем трошок.

Владиниот портпарол Јелко Кацин изјави дека денес ќе се разговара за динамиката на укинување на забраните, меѓу кои онаа со која на граѓаните им се забранува да ги напуштаат општините во кои живеат. ав/

Back to top button
Close
Close