0_Македонија.ПорталОригинални текстови

И по вонредната состојбата, остануваат мерките за ослободување од работна на бремените, хринично болните и родители на деца до 10 години

Министерството за здравство информира дека Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 65 седница заклучи дека и по завршување на вонредната состојба ќе продолжат да важат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски одредени категории на граѓани.

Скопје, 13 јуни 2020

Од работни обврски остануваат ослободени родителите на деца на возраст до 10 години или активно четврто одделение, хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои ја користат услугата дневен центар како и лицата кои што на работа одат со придружба -потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо овие лица да ги извршуваат своите работни обврски од дома

Министерство за здравство

______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close