0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

И Нејмар изненаден од трансферот на Луис Суарез

Бразилецот, Уругваецот и Лионел Меси формираа ударно трио во нападот на тимот пред Нејмар да замине на „Паркот на принцовите“.

Париз, 25 септември 2020 (МИА) – Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар исто така изрази изненадување од начинот на кој Луис Суарез ја напушти Барселона.

Бразилецот, Уругваецот и Лионел Меси формираа ударно трио во нападот на тимот пред Нејмар да замине на „Паркот на принцовите“.

Сега Суарез беше принуден да се пресели во Атлетико Мадрид и од тројцата, само Аргентинецот остана со Каталонците.

– Неверојатно е како ги прават работите таму, напиша Нејмар во коментарот под објавата на Меси на Инстаграм денес, кој ја критикуваше управата на клубот.

Таг
Back to top button
Close
Close