ЕвропаЕвропа.Портал

И гувернерот на Ломбардија во карантин, неговиот помошник заразен

Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Италија, Атилио Фонтана, изјави дека ќе биде ставен во карантин две недели откако е утврдено дека неговиот помошник е позитивен на новиот коронавирус.

Милано, 27 февруари 2020 (МИА) – Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Италија, Атилио Фонтана, изјави дека ќе биде ставен во карантин две недели откако е утврдено дека неговиот помошник е позитивен на новиот коронавирус.

Фонтана ова го објави во видео порака на Фејсбук.

Ломбардија е жариште на ширењето на коронавирусот во Италија.

Во земјата се пријавени 400 случаи на Ковид-19, што е најголем број на заразени во Европа. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close